Хероините кои треба да инспирираат нови генерации се во книгите

„Се викам храброст“ е име кое обединува 50 македонски хероини кои живееле и твореле низ годините кај нас. Водејќи се од максимата да има застапено што повеќе профили од различни периоди уредувачкиот тим на книгата, чиј приредувач е Надица Фирфова, успеал да направи интересна комбинација на приказни кои инспирираат и даваат пример на генерациите кои доаѓаат.

Како што потенцираа на промоцијата, оваа книга не е само за девојчиња, таа е ѝ за сите генерации кои сакаат да прочитаат нешто повеќе за нашата историја која е преполна со позитивни примери. „Многу беше тешко да се направи селекција на хероините затоа што изборот беше преголем“, изјавија вчера на промотивниот настан на кои беа присутни дел од хероините застапени во книгата.

„Музиката ми помогна да ги надминам сите предизвици“, изјави Ема Ананиевска, пијанистката со целосно оштетен вид, која меѓу другото се вика и ХРАБРОСТ!

„Се запишав во музичко на осумгодишна возраст, а решив да свирам пијано бидејќи ми беше фасцинантен инструмент“, потенцираше Ема.

Мартина Димоска – ХРАБРОСТ е аналогна астронаутка и дојде на промоцијата облечена во flight suit. „Во оваа индустрија, во вселенската индустрија Македонија не е воопшто застапено. Досега сум била дел од неколку мисии, почнав како инжињер и стигнав до командир, а во тие мисии ти си истражувач и вршиш многу многу експерименти кои се финансирани од различни институти, од вселенски агнеции, од докторанти кои што те набљудуваат. Самото живеалиште ти е како да служиш во војска, секој саат ти е планиран и тие мисии траат од неколку недели до неколку месеци“, изјави таа.

Мојот сон е да станам астронаут, изјави Мартина на вчерашната промоција.

Ива Матиќ – ХРАБРОСТ е пилотка која работи во WIZZ AIR и ги крши стереотипите околу машки женски професиии. „Јас летам на сите релации од Скопје и можам да бидам вашиот пилот. Летам веќе седум години, а во месецот се лета од 12 до 14 денови“, изјави Ива.

На промоцијата се претставија и останатите хероини кои како што кажа на крајот Олга Мурџева Шкариќ се во сооднос, 15 живи а 35 живи во некоја друга димензија и на друг начин, дополнително оживеани преку оваа книга „Се викам храброст“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни