Hermes ја престигна LVMH и стана најмоќниот луксузен бренд во светот

Француската модна куќа Hermes ја презеде водечката позиција од ривалскиот гигант LVMH, станувајќи највредната европска луксузна компанија според пазарна капитализација.

Овој пресврт се случи по објавувањето на разочарувачкиот квартален извештај на LVMH за првото тромесечје, што доведе до пад на акциите на компанијата за седум отсто, пренесе Ројтерс.

Пазарната вредност на LVMH сега изнесува 246 милијарди евра, додека Hermes, исто така француска модна куќа со богато наследство, моментално вреди 247 милијарди евра.

Групацијата LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy), под чија капа се наоѓаат брендовите Louis Vuitton, Dior, накитот Tiffany и синџирот на козметика Sephora, бележи послаби резултати од очекуваното, особено поради намалениот интерес кај американските купувачи за козметика и коњак, како и поради продолжената слаба продажба на кинескиот пазар.

Hermes, познат по својата ексклузивност, врвна изработка и стабилно побарување, успеа да ја искористи слабоста на конкурентот и да ја зацврсти својата позиција како лидер во светот на луксузот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни