ХЕРА: Во Тетово ќе разговараме за важноста на образованието за благосостојбата и менталното здравје на младите

Денес, на 19.06.2024 година (среда) со почеток во 10:30 часот во Europe House во Тетово ќе се одржи панел дискусија на тема „Колку се важни образовните програми за благосостојбата и менталното здравје кај младите?“

За оваа важна тема ќе говорaт Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија Сирил Бомгартнер,  Елизабета Божиноска од ХЕРА, Гордана Блажевска Спиридонова од ДСУ „Никола Карев“, Скопје, Рон Ѓиновци од ОРКА –Организација за подобрување на квалитетот во образованието во Косово, Ајше Ајрулаи, Биро за развој на образованието, како и професорката по психологија на Универзитетот во Тетово Шерузе Османи Балажи.

Целта на овој настан е младите и стручните лица – педагози, психолози, социјални и здравствени  работници да разговараме за потребите, можностите и предизвиците за понатамошна интеграција во училишните содржини на превенцијата и заштитата од насилството, подобрување на менталното здравје и благосостојба на младите.

Настанот е дел од регионалниот проект „Нашите тела не се табу“ што се спроведува во Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора со поддршка од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и амбасадите на Франција во самите земји. Во Северна Македонија проектот го спроведуваат здруженијата ХЕРА и Тиииит! Инк. со поддршка од Француската амбасада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни