Гинеколошките прегледи не се важни само за време на бременост или кога жената е сексуално активна,
алармираат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА. Редовните гинеколошки прегледи се клучни за целокупното здравје на жените. Особено имајќи предвид дека на тој начин може навреме да се дијагностицира одредено заболување и да се спаси животот на жената.
За жал, гинеколошките прегледи и натаму се табу тема и многу девојки и жени сè уште веруваат дека кај гинеколог се оди само кога ќе почувствуваат некој здравствен проблем. Но, вистината е сосема поинаква – редовните прегледи спречуваат многу здравствени ризици.
Од ХЕРА апелираат девојките и жените коишто немаат матичен гинеколог, да изберат што поскоро. Бидејќи, како што велат, тоа е чекор кон грижа за себе и своето здравје.
,,Охрабрете ги и жените околу вас – споделете ја оваа информација”, додаваат од ХЕРА.