Важно ни е менталното здравје и заштитата од насилството да биде препознаено како приоритет кај младите. Да градиме општеството каде младите отворено ќе зборуваат за темите кои ги мачат и ќе побараат помош и поддршка токму од стручни служби и наставниците во училишната средина каде поминуваат најголем дел од времето. Ова беше еден од клучните заклучи на панел дискусијата „Колку се важни образовните програми за благосостојбата и менталното здравје кај младите?“, што се одржа во Тетово во организација на ХЕРА, а со поддршка на Амбасадата на Франција.
Во воведното обраќања Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија Сирил Бомгартнер истакна дека проектот „Нашите тела не се табу“, кој што е регионален се однесува на менструалната правда, но и на сеопфатното сексуално образоавние, две теми кои се многу важни за заедницата.
„Го поддржуваме овој проект затоа што сме убедени дека со вклучување на овие образовани содржини може да придонесат за подобрување на благосостојбата на младите и нивното ментално здравје.Вашата земја се обврза да работи на намалување на браковите помеѓу малолетни лица, исто така да им помогне на младите девојки, адолесцентите, а особено на жените да бидат што е можно поавтономни, и навистина одлучи да ги поддржува и организациите на жените“, рече Бомгартнер.
Гордана Блажевска Спиридонова од ДСУ „Никола Карев“, Скопје која ја презентираше ХБСЦ студијата наменета за следење на здравствените навики и однесувња на младите кои овозможуваат увид во квалитетот на животот од аспект на физичкото, ментално, социјално и духовно здравје. Според неа оваа студија е доволен аларм за потреба од воведување на сексуално образование за младите во содржина која ќе биде прилагодена на возраста.
„Со овие наод се добива увид во состојбите во однос на родовата перцепција кај младите и и односите кои произлегуваат од истата. Корисно е овие податоци да се употребуваат како основа во градење на здрави политики за грижа кон младата популација во државата“, рече Блажевска Спиридонова.
Професорката по психологија на Универзитетот во Тетово Шерузе Османи Балажи, вели дека Сексуалното образование е една алатка која што придонесува кон унапредување на менталното здравје, токму поради причината што сексуалното образование се базира во принцип на човекови права, во принцип на задоволство што значи дека е орјентирано кон развој на капацитети на младите, исто така во носењето на одлуки кои се базирани на проверени информации.
„Самата програма придонесува да младите развиваат вештини, ставови и да добиваат навремени информации кои ќе им помогнат да се справуваат со ситуациите и предизвиците со кои се соочуваат во секојденвниот живот“, вели Османи Балажи.
Ајше Ајрулаи од Биро за развој на образованието, вели дека воведувањето на сеопфатното сексуално образование во образовнието на младите има за цел да им обезбеди на учениците можност за стекнување компетенции прилагодени на нивната возраст, кои им се потребни за да можат да носат информирани одлуки, како и да ги уживаат своите, односно да ги почитуваат туѓите права во сферата на сексуалноста.
„Тоа е цврсто втемелено врз концептот на човекови права, а пред сѐ врз залагањата за родова еднаквост, заштитата од насилство, заштита на достоинството и автономијата.Придобивките од изучување на овој предмет се многу значјани, бидејќи младите се поодговорни за своето здравје, се поемпатични кон луѓето , имаат повеќе самодоверба и комуникациски вештини со своите врсници, се намалува бројот на ризични сексуални однесувања и помалку тинејџерски бремености и абортуси“, рече Ајрулаи.
Рон Ѓиновци од ОРКА –Организација за подобрување на квалитетот во образованието во Косово, истакна дека како и во целиот Западен Балкан така и во Косово, младите имаат проблем со нивната благосостојба.
„Како и секаде во региониот така и кај нас менталното здравје на младатите е таби тема“, вели Ѓиновци.
Елизабета Божиноска од ХЕРА, рече дека информациите кои ги добиваат од искуствата од терен се поразителни и покажуваат дека младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи во државата.
„По однос на родовата нееднаквост – дури 52 % од нашите девојчиња на 15-годишна возраст и 29 % од момчињата на иста возраст страдаат од повеќе психосоматски симптоми истовремено, повеќепати неделно. Во 2022 година кај нас над 700 мајки биле девојки на возраст меѓу 15 и 19 години! Ова оди во прилог на бројот на малолетнички раѓања кој кај нас е три пати поголем од просекот во земјите на ЕУ. Потребни се образовни програми кои ќе одговорат на потребите на младите, а тоа може да го направиме само во соработка и обединување – а во прва линија на ова сојузништво се токму наставниците, педагозите, психолозите, социјалните и здравствените работници заедно со родителите и локалната заедница“, рече Божиноска.
Настанот е дел од регионалниот проект „Нашите тела не се табу“ што се спроведува во Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора со поддршка од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и амбасадите на Франција во самите земји. Во Северна Македонија проектот го спроведуваат здруженијата ХЕРА и Тиииит! Инк. со поддршка од Француската амбасада.