„Речиси 53% од девојчињата и 19% од момчињата на 15 години имаат депресивно расположение. Молкот не е одговор — сподели и побарај поддршка!“
Во соработка со Општина Центар, ХЕРА обезбедува бесплатни психосоцијални и советодавни услуги за млади, родители, наставници и сите граѓани од Центар.
Поддршка за: ментално здравје, превенција од насилство,советување за зависности и помош при врсничко насилство
По повод 25 години ХЕРА, на ООУ „Кочо Рацин“ е изработен мурал на охрабрување и поддршка од уметникот Ненад Тонкин — симбол за борба против врсничко и семејно насилство.