Хелсиншкиот комитет организира настан „Турлитава – заедно е послатко“

Во чест на Светскиот ден на културните различности, кој се одбележува секоја година на 21 мај, Хелсиншкиот комитет за човекови права го приредува настанот „Турлитава – заедно е послатко“. Настанот ќе се одржи на 19 мај 2023 година во Паркот на франкофонијата – Мобилна галерија, со почеток во 16:00 часот.

Целта на настанот е да се поттикне интеркултурниот дијалог и да се надминат предрасудите и стереотипите помеѓу различните етнички групи во Северна Македонија. Настанот ќе биде прилика за запознавање со традиционалните специјалитети од различните кујни во земјата и споделување искуства и мислења со другите учесници. Настанот е дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“ поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни