Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади луѓе во несреќата што се случи во Кочани.
Од таму информираат дека целосно се ставаат на располагање на семејствата на настраданите кои имаат потреба од добивање на правни совети и помош. За таа цел можат да ни се обратат на телефонскиот број +389 2 3119 073
„Во периодот што следува Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе ја следи истрагата и постапугањето на надлежните институции. Од тие причини очекуваме транспарентност и информирање за преземените дејствија и утврдената фактичка состоја. Очекуваме за утврдените незаконитости да следува соодветна одговноста за сторителите. Апелираме политичките партии да се воздржат од меѓусебни обвинувања и да се стават во функција на јавниот интерес“, пишува во соопштението.
Од Хелсиншкиот комитет за човекови права порачуваат дека „Сега е време да се покаже одговорност и солидарност“.