Search

Хелсиншки: Говорот на омраза е малигна општествена појава

Подигнувањето на општествената и колективната свест во борбата против говорот на омраза се недоволни без силна законска рамка и ефикасна имплементација од страна на институтциите, посочуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Додаваат и дека за ефективно подигнување на свеста кај јавноста, неопходно е споделувањето и пренесувањето на искуствата и знаењата на експертите кои што работат во полето на говор на омраза.

Со цел подигнување на јавната свест организира јавен настан за состојбата со говорот на омраза во Република Северна Македонија. Експерти од своите области од свое гледиште ќе ги искомбинираат практичните и теоретските знаења за тоа дека говорот на омраза е како малигна општествена појава, мошне присутен во јавниот дискурс во Република Северна Македонија.

„Постојаното видоизменување на оваа појава и проникнувањето во бројните сфери од општествениот живот бараат адекватно приспособување, како на правниот систем така и при реакциите од страна на институциите. Подигнувањето на општествената и колективната свест во борбата против говорот на омраза се недоволни без силна законска рамка и ефикасна имплементација од страна на институтциите“, велат од Хелсиншки.

Настанот ќе се одржи на 22.12.2023 (петок), во просториите на хотелот Сити Парк, во 11:30 часот, со времетраење до 13:30 часот.

Најново

Последни колумни