Хеликоптерот на МВР вчера исфрли 7 тони вода на пожарот атарот на селото Блаце, општина Чучер Сандево, по дојава од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Поради висок ризик, ноќе не е препорачливо и е доста ризично да се гаси пожар на отворен простор, особено по ридови. Во текот на ноќта се штитат само објекти, домови, инфраструктура и се преземаат мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето.
На терен се ангажирани неколку екипи со повеќе возила кои активно гаснат и се обидуваат да го пресечат пожарот за да не се прошири кон куќите во селата. Вечерва тоа е приоритетната задача.
Денес од 5:00 часот наутро дејствува и 3 хеликоптери. Организирано е полнењето на ведрата преку специјализирани базени поставени од Црвен крст во Стенковец.
Дополнително, се организираат уште возила и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Пожарот кај Блаце е меѓу петте активни пожари а отворено во државава, а интервенира и Бригадата за противпожарна заштита со пет возила и 20 пожарникари.