Хегсет: „Ќе ги најдеме криумчарите и ќе ги потопиме. Не нѐ интересира woke морализирање“

Хегсет изјави дека нападите, во кои од септември загинале над 80 лица, се неопходни за заштита на Американците и ги спореди осомничените криумчари со Ал-Каеда.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, повторно жестоко ја брани серијата воени напади на Карибите насочени кон наводни бродови на наркокартели, тврдејќи дека претседателот Доналд Трамп има право да преземе воена акција „како што смета дека е соодветно“. Настапувајќи во Претседателската библиотека на Роналд Реган во Калифорнија, тој ги отфрли предупредувањата дека операциите го кршат меѓународното право, пренесува The Guardian.

Хегсет изјави дека нападите, во кои од септември загинале над 80 лица, се неопходни за заштита на Американците и ги спореди осомничените криумчари со Ал-Каеда. „Ако работите за терористичка организација и носите дрога во оваа земја по море – ќе ве најдеме и ќе ве потопиме“, порача тој.

Правни дилеми и критики

Администрацијата тврди дека нападите се легални согласно „правилата на војување“, бидејќи САД се во „оружен конфликт“ со групи што криумчарат фентанил. Правни експерти го оспоруваат ова, нагласувајќи дека САД не се во војна со ниту една вооружена група во Карибите и дека осомничените не напаѓале американска територија или имот.

Дополнително загрижува тоа што лицата означени како криумчари не се судски осудени, а администрацијата нуди малку докази за нивните тврдења.

Ескалација на контроверзијата

Притисокот порасна по извештај на Washington Post, според кој по нападот на 2 септември бил извршен втор удар врз двајца преживеани што се држеле за остатоци од потопениот брод. Адмирал Френк Бредли, кој раководел со операцијата, наводно наредил втор напад „за да се усогласи со насоките на Хегсет да се ‘убијат сите’“. Хегсет го негира ова.

Политички последици

Демократите сè погласно бараат оставка на Хегсет, нарекувајќи го „неспособен и опасен“. Тие го обвинуваат за лажење, избегнување одговорност и префрлање вина на подредените.

На истото појавување во Калифорнија, Хегсет повтори и дека администрацијата планира да продолжи со нуклеарни тестирања за да им се спротивстави на Кина и Русија. Тој остро ги критикуваше и климатските политики, интервенционизмот и – како што рече – „woke морализирањето“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни