Веројатно сите сме свесни дека изборот на вистинскиот партнер оди многу подалеку од физичкиот изглед и материјален статус. Вистината е дека каков партнер избрала жената може многу лесно да се види на неа. Кога го пишувам ова не мислам само на нејзиниот физички изглед туку и на тој сјај во очите кои се добива кога жената е среќна и сакана, а се губи по нејзината лоша одлука да биде со партнер кој не ја прави среќна.
Отсекогаш сум била против верувањето дека причината зошто една жена одеднаш го губи својот сјај, убавина и атрактивност е затоа што стапила во брак или е во долгогодишна врска па повеќе не прави напори да биде убава. Напротив, љубовта може и тоа како уште повеќе да ја разубави жената, но тоа е само доколку таа е со вистинскиот човек. Од лично искуство научив по себе да знам колку јас навистина сум среќна со човекот со кој сум затоа што тоа се гледа на нас. Жената која изгледа многу посреќно и подобро сама отколку со партнер значи само едно нешто – таа не била среќна и исполнета во тоа партнерство! Од таму и зошто многу жени блескаат откако ќе се заљубат или обратно. На социјалните мрежи имаше фотографија од атрактивна девојка и жена која изгледа запуштено затоа што е во брак, но наместо да се нападне жената дека не прави напори да изледа добро, еден коментар на сликата кажа се – на првата слика изгледа добро и среќно затоа што ја чуваат нејзините родители, на втората затоа што ја чува сопругот.
Но ајде да не зборуваме само за физичкиот изглед туку да ја погледнеме оваа теза од перспективата на Хеди Ламар и што за неа значело изборот на погрешен партнер. Хеди Ламар (1914-2000) е позната австриско-американска глумица во златната доба на Холивуд. Нејзината убавина оди до таму, што Дизни ја создава принцезата Снежана инспирирани од убавината на Хеди. Но она по што е позната Ламар не е само нејзината убавина и талент, туку и високата интелегенција и изумот зад кој таа стои како пронаоѓач, а без кој модерната технологија денес не би била тоа-тоа.
Но ајде од почеток за да разбереме сите колку е важен изборот на вистинскиот партнер. Хеди во 1933 се мажи за незиниот најголем обожавател, австриски бизнисмен кој буквално ја бакнува земјата по која оди Ламар, но сето тоа додека да стапат во брак. Бракот на Хеди Ламар и Фриз Мандал бил пекол. Таа има изјавено дека истиот човек кој се заљубил во неа додека била на сцена е оној кој и забранил да продолжи да работи како актерка и кој ја третирал само како убава кукла која сака да ја има покрај себе и ништо повеќе.
Нејзиниот огромен талент, потенцијал, способност и интелегенција би останале засекогаш заборавени доколку таа останала со овој човек во брак. Хеди била отсекогаш заинтересирана за науката, но нејзиниот сопруг сметал дека една жена треба да биде домаќинка и ништо повеќе и така и ја третирал Ламар. Сево ова се менува откако Хеди Ламар успева да побегне од овој брак и со нејзиниот нов партнер и неговата поддршка Хеди успева да ја покаже својата иновативност и брилијантен ум. Приказната завршува така што Хеди Ламар стои зад многу пронајдоци кои докажуваат дека една жена и те како може да биде убава и паметна. Нејзиниот патент за трансмисија на радио-сигналите со прескокнување на фреквенции е всушност основата на денешната технологија за бежично поврзување – Wi-Fi, GPS и Bluetooth.
Заклучокот е многу едноставен. Со вистинскиот партнер ќе ги раширите крилјата и ќе полетате, освојувајќи многу хоризонти. Со погрешниот ќе се смалите, соберете во себе и ќе заборавите на своите соништа. Со убивањето на вашите соништа ќе биде скршен и вашиот дух, а сето тоа прво ќе се види однадвор на жената, па ќе речат некои, таа повеќе не е убава и не се средува… Не, таа повеќе не е со човек кој и ја дава силата, поддршката и мотивацијата да биде среќна! Не правете си го тоа на себеси!