Хаваи со нов закон забрани експлотација на морското дно во државните води

Хаваите неодамна усвоија нов закон, со кој се забранува експлоатација на морското дно во територијалните води на државата. На овој начин им беше дадена поддршка и на други земји кои веќе го искажаа својот став против овој вид ископување, барајќи забрана или пауза во вадењето на минерали од морското дно, од кои досега има 27 Соединетите Американски Држави. Овој вид на законодавство е веќе е имплементиран во Калифорнија, Вашингтон и Орегон.

Новиот Закон за спречување на рударството на морското дно на Хаваи забранува ископување, екстракција и отстранување на минерали, со одредени исклучоци. Како што е наведено, станува збор за реставрација на плажите и научни истражувања насочени кон зачувување на животната средина и подобрување на знаењето.

Иако забраната опфаќа област до три милји од брегот на Хаваите, ова е значајна одлука за поддршка на растечкиот отпор кон таквото ископување низ светот.

Океаните и морињата се многу важни за зачувување на здравјето на целата планета. Рударството директно го загрозува опстанокот на здрави и функционални живеалишта за морските суштества. За време на рударството може да дојде до формирање на седиментни облаци, а како што пренесуваат светските медиуми, може да се прошири на долги растојанија создавајќи заматена вода. Ова дополнително води до запирање на пенетрацијата на сончевата светлина во длабочините на морето. Исто така, таквите активности создаваат бучава што може да ги вознемири, па дури и да ги загрози морските суштества кои користат звук како комуникација за хранење, движење и друго.

Ваквата одлука е важна не само за зачувување на биодиверзитетот и животната средина, туку и за локалната рибарска индустрија и правата на домородците, пренесуваат светските медиуми.

Индустријата за електрични возила се наведува како една од главните причини за зголемената побарувачка за ископување на морското дно. Станува збор всушност за батерии за електрични возила, чии моментално неопходни компоненти се бакар, никел, манган и кобалт, а кои се наоѓаат токму на дното на морето.

Како што пренесуваат светските медиуми, одредени производители на електрични возила поддржуваат и мораториум на експлоатација на морското дно, а како што понатаму се наведува, она што треба повеќе да се поддржи е развојот на индустријата за рециклирање батерии.

Фото: pexels

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни