Истражувањата на Харвард покажуваат дека автоматизацијата и брзата застареност на вештините ја намалуваат вредноста на многу дипломи од финансиски аспект. Дури и области како компјутерски науки, инженерство и бизнис, кои некогаш нудеа висок почетен приход, сега бараат постојано усовршување за да се одржи конкурентноста.
Топ 10 диоломи кои ја губат вредноста:
- Општа бизнис администрација (вклучувајќи MBA) – Брза презаситеност на пазарот и промена на барањата за вештини.
- Компјутерски науки – Почетната финансиска предност брзо се намалува без континуирано усовршување.
- Механичко инженерство – Автоматизацијата и офшор производството го намалуваат побарувањето.
- Сметководство – AI и автоматизацијата ги намалуваат долгогодишните перспективи.
- Биохемија – Ограничени можности за високо платени работни места без дополнителни специјализации.
- Психологија (основни студии) – Потребни се магистратури или докторски студии за професионални резултати.
- Англиски и хуманистички науки – Намалена побарувачка и ограничени кариерни патеки.
- Социологија и општествени науки – Подобро се вреднуваат конкретни, технички вештини.
- Историја – Пониски среднократни плати во споредба со технички степени.
- Филозофија – Критичкото размислување е вреднувано, но вештините се потешко применливи без дополнителна обука.
Харвард истакнува дека „митот“ дека четиригодишните студии и дипломи гарантираат високи плати и трајна кариера сè повеќе губи значење без постојано професионално усовршување. Денешниот пазар бара конкретни и применливи вештини, а не само општо академско знаење и диоломи.
Ова предупредување е особено важно за студентите кои размислуваат за избор на факултет, бидејќи ранливите дипломи можат да ги ограничат можностите за кариера, додека STEM и применети области нудат појасни патеки кон успех.
