Search

Хари и Меган работат на повеќе проекти за Нетфликс

Хари и Меган работат на голем број проекти во Нетфликс и покрај шпекулациите дека договорот на парот со компанијата завршил.

За време на настанот на кој се промовираа содржините на Нетфликс за 2024 година, беше откриено дека парот работи на филм, серија и уште некои проекти за кои треба да излезат официјални информации.

„Тие имаат неколку проекти на кои работат заедно со нашиот тим ‘’ – изјави  Бела Бајарија, главен директор за содржина на Нетфлиск .

Деталите за јавноста во врска со проектите кои следуваат се минимални, но минатата година парот ги откупи правата на најпродаваниот романтичен роман на Карли Форчн, Meet Me at the Lake.

Договорот со Нетфликс е склучен во 2020 година и наводно, вреди околу 100 милиони долари. Во соопштението, двојката зборуваше за нивниот интерес за „ раскажување приказни кои се вистинити и прикажани преку релативен објектив“.

Оттогаш, тие се појавуваат во документарната серија наречена Хари и Меган, која стана голем хит, како и во Heart of Invictus, за глобалниот спортски настан основан од Хари и серија интервјуа наречена Live To Lead.

Неодамна беше објавено дека важен извршен директор во продуцентската компанија на Хари и Меган, дал отказ, по заминувањето на други врвни луѓе во текот на изминатата година.

Извор: Harry and Meghan working on movie, TV series and other shows at Netflix | Culture | The Guardian

Најново

Последни колумни