Ескалацијата на Блискиот Исток го погоди и спортот: Кошаркарите на Хапоел Тел Авив бараат начин за евакуација

Поради новата ескалација меѓу Израел и Иран, кошаркарите на Хапоел Тел Авив останаа „заглавени“ во Израел. Клубот работи на итен план за евакуација.

Тензиите на Блискиот Исток се одразија и врз спортските случувања. Израелскиот клуб Хапоел Тел Авив подготвува план за итна евакуација на своите кошаркари, домашни и странски, по новата ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Двете земји се во отворена конфронтација од средината на јуни минатата година, а утринава повторно дојде до размена на ракетни напади. Поради безбедносната состојба, израелските власти го затворија воздушниот простор, што значително ја отежнува можноста за напуштање на земјата по воздушен пат.

Според информации на израелски медиуми, раководството на клубот разгледува алтернативни решенија, меѓу кои и евентуална евакуација по морски пат – со брод кон европска дестинација.

Безбедноста на играчите во моментов е апсолутен приоритет, додека спортските активности се ставени во втор план поради сериозноста на ситуацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни