Хаос во Словачка: Во судир со возови најмалку 100 повредени

Најмалку 100 лица се повредени во судир на два експресни воза во Словачка, додека спасувачки хеликоптер е ангажиран за евакуација. Причините за несреќата се во тек на истрага.

Најмалку 100 лица се повредени во судирот на два воза во Словачка, а според досегашните информации, нема загинати, објави словачкиот портал TA3.

Како што се наведува, несреќата се случила денес околу 10 часот во близина на селото Јаблонов на Турни, кога два експресни воза се судриле на место каде што се сечат две пруги.

Портпаролот на словачката железничка компанија, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште е под истрага.

„Приоритет во моментов е спасувањето и евакуацијата на патниците и нашите вработени“, изјави тој.

На лице место се испратени пет амбулантни возила и еден спасувачки хеликоптер.

Полицијата соопшти дека судирот се случил пред тунел и дека патниците постепено ги напуштаат возовите.

Како што е наведено, полицијата го обезбедува местото на несреќата, координира со спасувачките служби и ги насочува луѓето во тој регион.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни