Хаос во Холандија: Автомобил се заби во толпа луѓе на божиќна парада

Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица.

Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку десет лица.

Во таа прилика, најмалку три лица беа тешко повредени.

Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е предизвикана намерно.

Група луѓе кои беа удрени од автомобил чекаа да помине парадата.

Службите за итни случаи масовно пристигнаа на местото на настанот. На терен има неколку амбулантни возила, противпожарни возила и полициски автомобили.

Исто така, три хеликоптери за брза помош беа испратени во Нунспет.

Во понеделник вечерта, низ овој град требаше да помине парада, настан што се одржува секоја година во оваа област, но беше откажан по несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни