Хаос се случувал попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Граѓани два часа биле „заробени“ на паркингот, откако паркоматите престанале да работат, а службата за наплата била отсутна.
На шалтерите каде досега рачно се плаќаше паркингот, имало залепено листови на кои пишува дека наплатата се извршува на автоматите.
Но, граѓаните кои се нашле таму таму велат дека работел само еден автомат, но бил многу бавен, па се создала целата колона.
Дел од граѓаните се со мали деца, дел, пак, коментирале дека брзаат за на аеродром и ќе го испуштат летот.
Како што изјавиле сведоци, по некое време рампите биле кренати и сега возилата излегуваат бесплатно. Тоа, сепак, потрајало со оглед на тоа што имало голем број возила внатре на паркингот, а надвор има семафор.
Од ГТЦ сè уште нема официјално соопштение за причините за дефектот.