Хаос во Амстердам: Откажани над 700 летови поради снег и силен ветер

Силниот снег и ветар предизвикаа колапс на аеродромот Шипхол во Амстердам, со над 700 откажани летови и илјадници заглавени патници.

Аеродромот Шипхол (Schiphol) во Амстердам е погоден од нови сериозни нарушувања, откако обилниот снег и силниот ветер предизвикаа голем колапс низ цела Холандија.

Според локалните медиуми, денеска се откажани уште 718 летови, а временските прогнози предупредуваат дека во некои области може да наврнат дополнителни до 10 сантиметри снег.

Од аеродромот Шипхол потврдија дека и понатаму важат строги ограничувања во воздушниот сообраќај, наведувајќи:

„Во среда, поради упорното зимско време и силниот ветер, можен е само ограничен воздушен сообраќај до и од Шипхол. Се очекуваат дополнителни откажувања на летови, претежно на европските линии.“

Илјадници патници останаа заглавени на аеродромот, додека авио-компаниите се обидуваат да се справат со последиците од временската непогода, која веќе неколку дена предизвикува сериозни проблеми во европскиот воздушен сообраќај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни