Хаос на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“: Непријавен дрифт-настан предизвика штети и инциденти

Додека Македонија тагува по млади животи загубени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, група несовесни граѓани одлучиле да организираат дрифт-настан со над 300 возила на паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Настанот бил пријавен како снимање на музички спот, но на терен ситуацијата изгледала сосема поинаку. Според директорот на СЦ „Борис Трајковски“, настанот не бил ниту дозволен, ниту најавен, а за време на хаосот биле причинети десетици судири и материјални штети на паркингот.


По неговата реакција, полицијата од ПС Карпош интервенирала и го растерала собирот. Директорот упати апел до граѓаните да ги почитуваат деновите на жалост и да покажат сочувство кон семејствата на жртвите.

„Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам! Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит,“ истакна тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни