Хаос на најпрометниот аеродром во Европа: Експлозија предизвика доцнење на летови

На лондонскиот аеродром Хитроу утринава се случи неочекуван инцидент кога електрично возило се запали, што предизвика доцнење на бројни летови.

Инцидентот се случил во тунелот што ги поврзува терминалите 1, 2 и 3, а службите за итна помош веднаш биле повикани на местото на настанот околу 3 часот по полноќ. Возилото било целосно уништено, но засега нема извештаи за повредени лица.

Патниците се предупредени дека доцнењата ќе продолжат, а пристапот до терминалите 2 и 3 е делумно ограничен. Од аеродромот советуваат патниците да планираат дополнително време за патување и да користат јавен превоз каде што е можно.


„Извинуваме се за настанатите нарушувања. Најновите информации се достапни на веб-страницата на аеродромот и нашите официјални социјални мрежи“, соопшти портпаролот на Хитроу.

Очевидци пријавиле долги застои на патиштата околу аеродромот, а некои патници кои веќе биле во авионите изјавиле дека чекале за полетување подолго од вообичаено.

Портпаролот на Лондонската противпожарна бригада изјави дека пожарот бил ставен под контрола до 3:45 часот по полноќ, а на местото биле испратени две противпожарни возила. Иако ситуацијата е ставена под контрола, доцнењата на летовите и сообраќајниот метеж сè уште траат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни