Големи сообраќајни гужви се забележуваат на граничниот премин Блаце, каде што последниве часови за излез од Македонија кон Косово се чека и по неколку часа. Стотици возила се заглавени во колона долга 12 километри.

Од македонска страна, сообраќајот кон преминот е нерегулиран – нема присуство на сообраќајна полиција, ниту јасна сигнализација или координација на протокот. Повеќе колони возила се спојуваат во една лента при влез во граничната зона, што предизвикува застој, хаос и небезбедни услови за движење.
Засега нема официјална реакција од надлежните институции, иако состојбата е повторлива и хронична секое лето.