Израелски функционери тврдат дека ајатолахот е мртов – Иран молчи

Висок израелски функционер за Reuters потврдил дека телото на Хамнеи е пронајдено во урнатините. Тегеран засега нема официјална реакција. Пред неколку часа иранскиот МНР тврдеше дека е жив.

Доколку се потврди, тоа би бил историски момент за Блискиот Исток. Израелски функционери тврдат дека врховниот ајатолах Али Хамнеи е мртов и дека неговото тело е пронајдено во урнатините. Иран, засега, молчи.

Што тврдат Израелците

Висок израелски функционер изјавил за агенцијата Reuters дека Хамнеи е мртов и дека телото е пронајдено. Израелскиот Канал 12 пренесе дека на премиерот Нетанјаху наводно му е предочена документација за телото. Самиот Нетанјаху претходно изјавил дека „постојат многу знаци дека ајатолахот повеќе не е жив”.

Иран порано тврдеше поинаку

Пред неколку часа иранскиот МНР соопшти дека „сите се живи и здрави”, а министерот за надворешни работи Арагчи за NBC изјавил дека Хамнеи е жив „колку што знае”. Порано денес Reuters пренесе дека ајатолахот бил евакуиран пред почетокот на нападите и префрлен на безбедна локација надвор од Техеран.

Иранската страна засега не дала никаква официјална реакција на израелските тврдења.

Резиденцијата и канцелариите на Хамнеи биле меѓу главните цели на американско-израелскиот напад кој започна во сабота наутро. Агенцијата Тасним претходно соопшти дека седум ракети го погодиле комплексот. Сателитски снимки покажаа дека резиденцијата е целосно уништена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни