„Хамлет“ добива нова верзија, со музика од Radiohead

Фронтменот на англискиот рок бенд Radiohead Том Јорк ќе го преработи нивниот албум „Hail to the Thief“ за нова театарска изведба на „Хамлет“ на Шекспир.
Фото: angela n./Flickr

„Hail to the Thief“ е шестиот студиски албум на Radiohead, објавен во јуни 2003 година.

Пејачот и текстописец Јорк се здружи со режисерите Стивен Хогет и Кристин Џонс во адаптација опишана како „забрзан процес на дестилирање на делото“, а сето тоа дополнително ќе биде нагласено со музиката од споменатиот албум.

Јорк вели дека овој проект, приказна која не престанува да се раскажува, е „интересен и застрашувачки предизвик“. Тој е задолжен за преработка и, како што се наведува, „деконструкција“ на албумот, а за време на шоуто музиката во живо ќе ја изведува тим од 20-ина музичари и актери.

Претставата „Hamlet Hail To The Thief“ светската премиера ќе ја има во април 2025 година во комплексот „Aviva Studios“ во Манчестер, по што продукцијата во јуни ќе се пресели во родниот град на Шекспир, Стратфорд-на-Авон.

Кристин Џонс досега главно се занимаваше со сценографија во театарот, а за нејзината работа на претставата „Хари Потер и проколнатото дете“ доби и награда Тони.

Кореографот Стивен Хогет е повеќекратен добитник на наградата Оливие.

Изведбата е опишана како „грешно ново искуство што ги комбинира театарот, музиката и движењето“.

-Со години посакував да го видам судирот на делото на Шекспир и музиката на Радиохед во театарско дело, на крајот идејата ја споделив со Том кој се заинтересира, изјави Џонс.

Албумот „Hail to the Thief“ содржи 13 песни, од кои најпознати се „There There“, „2+2=5“ и „Go To Sleep“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни