Во сабота на 29 јуни во склоп на Битола Шекспир Фестивал ќе бидат одиграни две претстави на сцената на Битолскиот Народен театар.
Во 20.00 часот посетителите ќе можат да ја погледнат претставата „ХАМЛЕТ – Денот на убиствата“ според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак. Оваа претстава минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад, Р. Србија.
Во 21.30 часот – на новата сцена ќе биде прикажана претставата „Цезар“ од КАТС ШАХНЕ ТЕАТАР, Истанбул, Р. Турција, во режија на Сибел Абдиу.