Хамилтон следен месец за прв пат позади волан на Ферари

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на 22 јануари ќе ги забележи своите први кругови зад воланот на болидот на Ферари, според извори блиски до тимот. Сепак информацијата се уште не е потврдена од Ферари.

Хамилтон ќе го вози болидот Ф1-75 од 2022 година на патеката „Фиорано“ во Маранело, а Скудерија ќе ја користи програмата за тестирање на болидите од пред најмалку две сезони.

Мерцедес одби да го ослободи Хамилтон предвреме од неговиот договор поради спонзорската обврска во Малезија и тој не можеше да вози за својот нов тим на тестот во Абу Даби по крајот на сезоната.

Хамилтон веќе се прости од тимот на Мерцедес, а аналитичарите се натпреваруваат во прогнозите како ќе се одвива неговата адаптација во Ферари и како ќе изгледа неговата битка со Шарл Леклер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни