Хамилтон: И да ја освојам осмата титула нема да се пензионирам

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, нема да се пензионира во случај да ја освои осмата шампионска титула.

„Ако имам среќа да освојам уште една титула, а тоа е секако нашата цел, нема да застанам тука. Работев со два тима кои освоија светски првенства. Знам како изгледа и како се чувствува победничкиот тим. Сите во Ферари се такви. Овде има страст што нема да ја видите никаде на друго место. Ферари имаат се што им е потребно за да победат“, изјави Хамилтон за „Gpblog“.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес. 

Минатата сезона, Британецот заврши на седмото место во генералниот пласман на возачи, со 223 поени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни