Хали Бери открива дека Пирс Броснан ѝ ја вратил вербата во мажите

Фото: MGM

Хали Бери вели дека Пирс Броснан ѝ ја вратил вербата во мажите додека го снимале филмот за Џејмс Бонд „Умри друг ден“ во 2002 година.

Тоа беше четврти и последен филм со Броснан како 007, а Хали Бери ја глумеше Џинкс Џонсон, агентка за национална безедност.

Во разговор за Wired, Бери кажува само позитивни сеќавања за снимањето со Броснан и нагласува дека за неа тој секогаш ќе биде Бонд.

„Јас сум обожавателка на Пирс Броснан. Ми ја врати вербата во мажите на тој филм. Не може да постои човек кој е повеќе џентлмен од Пирс Броснан“ вели Бери.

„Бонд не беше на мојата листа на желби, но секогаш ги сакав тие филмови“ вели Бери. „Кога се најдов во еден од нив, се почувствувам дека сум дел од историјата на филмот. Тие филмови се култни. Секогаш ќе бидат дел од нашата историја и навистина сум почестена што бев дел од тоа, особено што бев со Пирс“ вели Бери.

Ликот на Хали Бери, Џинкс требаше да добие и свој спин-оф филм, но MGM Studios се повлекуа од таа идеја во 2020 година, што за глумицата било големо разочарување.

Најново

Последни колумни