Хакерски напад врз Eвропската комисија: Дали беа компромитирани податоците на Европската комисија?

Eвропската комисија потврди кибернапад врз својата cloud инфраструктура на Europa.eu. Дел од јавните податоци можеби се компромитирани, но внатрешните системи не се засегнати.

Eвропската комисија соопшти дека на 24 март е откриен кибернапад кој ја погодил нејзината cloud инфраструктура, на која се хостирани официјалните веб-страници на Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Според првичните информации, нападот бил насочен кон јавниот веб-дел од системот, а не кон внатрешните мрежи или критичните ИТ системи.

Ограничени последици и брза реакција

Од Комисијата информираат дека нападот бил брзо ставен под контрола и дека преземени се итни мерки за заштита на услугите. И покрај инцидентот, веб-страницата Europa.eu останала достапна без прекини.

Истрагата ја води CERT-EU, тимот за кибербезбедност на европските институции, кој анализира како се случил нападот, кои техники биле користени и дали постои надворешен извор на заканата.

Можна кражба на јавни податоци

Иако системите не биле исклучени, постојат индикации дека одреден дел од јавно достапните податоци можеби биле преземени. Сепак, засега нема докази за компромитација на чувствителни или внатрешни информации.

Во ЕУ предупредуваат дека ваквите напади се дел од поширок тренд на зголемени кибер и хибридни закани, насочени кон институциите и критичната инфраструктура, поради што се работи на дополнително зајакнување на безбедноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни