Хакери презеле контрола врз робот правосмукалки за да бркаат кучиња и да пцујат

Хакер добил пристап до робот правосмукалки и ги користел за да брка миленичиња низ домовите и расистички да ги навредува нивните сопственици.

Цел на нападот биле правосмукалките Ecovacs Deebot X2 Omni, а нападот се случил во мај. Еден од оштетените е и адвокатот од Минесота, Даниел Свенсон, кој рече дека гледал телевизија со своето семејство кога почнала да доаѓа бучава како прекинат радио сигнал од звучникот на роботот. Тој рече дека откако ја ресетирал лозинката и го рестартирал роботот, тој почнал повторно, само што овој пат звукот бил појасен и кажувал навредливи зборови.

ABC News наведува дека хакирањето го забележале и други сопственици низ САД, а помеѓу примерите има и такви каде што роботот правосмукалка бил користен за да им вика и да ги брка домашните миленици.

Во соопштението Ecovacs изјавија дека идентификувале настан каде што биле заобиколени нивните безбедносни мерки, но дека оттогаш го средиле проблемот. Компанијата соопшти дека „не нашла докази“ дека корисничките имиња и лозинки биле собрани од напаѓачот.

Истражувачите покажаа пропуст минатата година што им дозволи да го заобиколат внесот на PIN на Deebot X2 за да добијат пристап до правосмукалката. Ecovacs во своето соопштение вели дека го решиле тоа и дека исто така планираат понатамошно зајакнување на безбедноста со ажурирањето во ноември.

Паметните домашни уреди поврзани со интернет се често мета на хакерите. Понекогаш тоа е резултат на хакирање, но најчесто напаѓачите ги компромитираат уредите кои немаат доволна безбедносна заштита. Ваквите проблеми може да се чувствуваат неизбежни кога толку многу паметни домашни уреди бараат постојана интернет конекција за да функционираат, особено за оние компании кои не нудат лесни начини за пријавување на безбедносни пропусти.

Извор: The Verge

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни