Девојката наречена„Хак-ту“ веќе две недели нема објавено нова епизода од својата неделна интернет-емисија. Немаше ниту претходно најавен прекин на програмата. Се претпоставува дека „вината“ за сè тоа е во нејзината криптовалута.
Хејли Велч стана светска интернет-сензација ова лето, откако во навидум обична забавна анкета, таа кажа шега, со што ги освои прво мажите, а потоа и цел свет. Имено, прашана, што ги радува мажите, Хејли одговори со веќе „светски препознатливата“ ономатопеја. Хејли го искристи мигот за брза заработка.
Тој нејзин крик „Хак-ту“ (Hawk Tuah), од низа „мемиња“ и шеги на нејзина сметка, набргу прерасна во заштитен бренд којшто ѝ донесе одлична заработка на девојката, во облик на садови и маици со нејзината шега како натпис, комерцијално-авторски права над таа шега, но и интернет-емисијата на Хејли на платформата „Спотифај“ (Spotify) – под наслов „Хак-ту“.
Но, на 4 декември, Велч објави дека нејзината „Мемекоин“ криптовалута „$HAWK“ (шак), е пуштена во промет. „Мемекоинот“ отиде „до небо“ со својата вредност од стотици милиони долари – но исто толку брзо и пропадна. Така, многумина кои купиле „шак“, за само неколку минути изгубиле значителна сума пари.
Велч и „Оверхир“ (OverHere) – криптотимот со којшто таа била партнерка, утредента се обратија јавно на платформата „X“. Во тој аудиоразговор во живо, Велч и нејзините партнери беа силно критикувани од слушателите, меѓу кои и популарниот истражувач за крипто-измами на Јутјуб, познат како „Кофизила“ (Coffeezilla). Така, пред купувачите на криптовалутата „шак“ да добијат вистински одговор за тоа зошто „шак“ се урна, Велч го прекина преносот.
– Еј, момци! Мразам да те прекинувам, Ник, но „Ало бре“! …Кој и да е, сега ќе си легнам и ќе се видиме со вас утре, рече Хејли вечерта на 5 декември.
И, тоа беше последното што јавноста го слушна од неа. Велч со денови не објавила ништо, ниту на стрим-каналите, ниту на социјалните мрежи.
И додека Велч јавно молчи, тимот „Оверхир“ неодамна се обиде да го реши случајот. Групата, имено, ја префрли вината на Алекс Ларсон Шулц, познат како „Док Холивуд“, кој „ги контролирал сите одлуки за токените, новостите, благајната“, како што изјави одговорниот тим. Инаку, Шулц е музички продуцент, диџеј и промотор на криптовалути, кој на јавноста ѝ е познат и како зет на американскиот комичар Хауи Мандел.
Вложувачите кои загубија на контроверзниот „Мемекоин“ вчера поднесоа и тужба против создавачите на криптовалутата, тврдејќи дека тие незаконски продавале нерегистрирани хартии од вредност.