Овој карипски остров беше најтешко погоден од невремето, кое предизвика големи материјални штети и раселување на стотици семејства.
Ураганот погоди и други острови во Карибите
Мелиса не го поштеди ниту регионот – силните ветрови и обилните врнежи предизвикаа уништувања и на Јамајка, Куба и Бахамите. Според првичните извештаи, на Јамајка загинале најмалку 28 лица, а голем број домови биле целосно уништени.
Министерството за култура на Јамајка најави хуманитарни концерти за собирање средства за обновата. Под слоганот „I Love Jamaica“, концерти ќе се одржат од 14 ноември во Кингстон, а потоа ќе следат настапи во Лондон, Њујорк, Торонто и јужна Флорида.
Регe музиката како извор на надеж
Министерката за култура Оливија Грејнџ на Инстаграм напиша дека Јамајка повторно се потпира на својата култура и музика како начин за заздравување по трагедијата:
„Како и многупати досега, се свртуваме кон нашата музика – кон нашата реге култура, која се покажа како лековит мелем и извор на надеж не само за Јамајчани, туку и за целиот свет,“ изјави таа.
Ураганот Мелиса, еден од најсилните што го погодиле Карибите последниве години, остави зад себе пустош, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица.
Извор:Index.hr