Скопје оваа есен ќе стане сцена на уникатна интеркултурна соработка што ги спојува дигиталната уметност и уличната експресија. На 22 ноември, со почеток од 20ч, во просториите на BASE42, Скопје, ќе се одржи мултимедијалната изложба „Atiny’s Castle“, проект во организација на ПАГОДА, здружение за промоција на источноазиските култури во Македонија, што ги обединува македонската уметница Јована Трајанова – HAILBLADE и реномираниот јужнокорејски графити уметник Чои Сунг-вук – LEODAV од Сеул.

Изложбата е инспирирана од глобалниот к-поп феномен ATEEZ, а двете уметнички перспективи се спојуваат во визуелна симбиоза што ја премостува географијата и културата преку јазикот на современата уметност.
Настанут нуди богата програма која вклучува:
Изложба и инсталација – Портрети на членовите на ATEEZ во препознатливиот dreamy vaporwave стил на HAILBLADE, збогатени со графити-интервенции на LEODAV. Реткиот визуелен судир меѓу дигиталната нежност и урбаната суровост создава моќна уметничка динамика.

Премиерно прикажување на fanmade музичко видео – Целосно создадено и анимирано од HAILBLADE, музичкото видео за песната „CASTLE“ на ATEEZ ќе биде прикажано ексклузивно само на овој настан.
Танчов настап – Перформанс од танчерскиот колектив составен од Ивана С., Александра Д., Мила А., Калина Т. и Леона А., инспириран од хитовите на ATEEZ.
Специјално видео-обраќање од LEODAV – Порака снимана исклучиво за македонската публика, достапна само за присутните на изложбата.
Тематски коктели од ONYX – Пијалаци инспирирани од боите, енергијата и визуелниот идентитет на ATEEZ.
Мерч и хуманитарна поддршка – Посетителите ќе може да купат postcards, photocards, постери и limited edition портрети со потпис од HAILBLADE и LEODAV. Сите средства од продажбата ќе бидат искористени како донација за СОС Детско Село.

„Atiny’s Castle“ претставува редок уметнички дијалог меѓу Скопје и Сеул, проект што носи свежина, глобална енергија и современа уметничка визија каква што нашата сцена досега не видела.
Ве покануваме да бидете дел од ова уникатно уметничко доживување.
