Гужви на бензинските пумпи во Австрија: Возачи полнат канистри поради страв од недостиг на гориво

Празни или полупразни бензински пумпи во Виена предизвикаа загриженост, додека и во Горна Австрија многу возачи се прашуваат дали наскоро би можело да дојде до недостиг на гориво. Многу возачи во Австрија во моментов се нервозни. Причината се неодамнешните прекини во снабдувањето на помалите бензински станици во Виена.

„Повеќе не ме снабдуваат. Можеби малите бензински пумпи наскоро ќе мора да се затворат бидејќи не добиваат ново гориво“, предупреди еден сопственик на пумпа.

Дополнителна загриженост предизвика и изјава на економист. Директорот на институтот WIFO, Габриел Фелбермаер, предупреди дека веќе во понеделник може да има нов бран на раст на цените.

„Затоа е подобро денес да се наполни гориво“, рече тој, наведувајќи ги новите тензии околу конфликтот со Иран и оценувајќи дека прекинот на преговорите „не е добра вест“.

Во Шардинг ситуацијата изгледа поинаку. Сопственици на пумпи за медиумот „Heute“ изјавуваат дека нема причина за паника. Од OMV пумпата во Шардинг велат дека нема да има недостиг на гориво кај големите брендови како OMV, BP и Shell.

Сепак, проблеми би можеле да има кај независните и дисконтни пумпи.

„Се надевам дека војната наскоро ќе заврши и ситуацијата ќе се стабилизира“, изјави еден сопственик, додавајќи дека е важно да се воспостави мир.

Дополнително, дел од возачите од Германија масовно доаѓаат да точат гориво во Австрија поради ценовната разлика од 40 до 50 центи. Економистот Фелбермаер целата ситуација ја опишува како „нова, непријатна нормалност“, истакнувајќи дека економијата станала значително понестабилна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни