Гужви и колони возила на граничните премини

АМСМ известува дека од денес до 16 септември 2025 година, на трасата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе биде во сила привремен изменет сообраќаен режим

На граничните премини Табановце и Богородица, утринава се чека околу половина час, информира Авто мото сојузот на Македонија.

„На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.“

Густината на сообраќајот на патните правци вон урбаните зони е зголемена. Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои, по суви коловози.

АМСМ известува дека од денес до 16 септември 2025 година, на трасата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе биде во сила привремен изменет сообраќаен режим поради реализација на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“.

“Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

”АМСМ советува приспособена брзина на возење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

“Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни