Густа магла ги блокираше патиштата низ земјава, видливоста е одвај до 100 метри

АМСМ апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, најкритично на делницата Сарамзалино – Штип

Густа магла утрово го отежнува сообраќајот на повеќе патни правци низ земјава, со значително намалена видливост, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ).

Најкритична е состојбата на патниот правец Сарамзалино – Штип, каде видливоста е намалена до околу 100 метри. Намалена видливост, до 200 метри, е регистрирана и на правците Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин, што бара зголемено внимание од возачите.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без поголеми застои, по претежно влажни коловози, со умерен интензитет, особено надвор од градските средини.

На граничните премини, од македонска страна, утрово не се евидентирани подолги задржувања за влез или излез од државата.

Од АМСМ апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат со зголемена претпазливост, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од појава на одрони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни