Густ црн чад се издига меѓу Долно лисиче и Драчево

Во близина на Скопје, меѓу населбите Долно лисиче и Драчево, се издига гист црн чад предизвикан од пожар.

До овој момент не се знае што е запалено, но чадот е густ и висок, граѓани на Ново Лисиче се жалат на загаденост и непријатна миризба.


Пожарите вообичаено предизвикуваат револт кај граѓаните со оглед на тоа дека ја зголемуваат загаденоста на воздухот кој е штетен за здравјето.

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови. Анализите на ИЈЗ, се правени врз база на меѓународни студии и согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Според проценките од студијата на Светската банка во Македонија, 1.100 луѓе годишно умираат како последица на аерозагадувањето.

Густ црн чад се извива во близина на Скопје, помеѓу населените места Долно Лисиче и Драчево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни