„Гушкање до 3 минути“ – осуди за ограничувањето на аеродром во Нов Зеланд

Аеродромот Данедин во Нов Зеланд предизвика дебата ширум светот со својот нов знак кој наметнува ограничување од три минути за прегратки во зоната за пред влезот.
Фото: Dunedin Airport

На поставениот знак се вели дека дозволено е гушкање до три минути, а доколку сакате повеќе да се збогувате, да го користите паркингот.

Некои коментатори на објава на Фејсбук што стана вирална се огорчени поради полицискиот час за гушкање, додека други се восхитуваат на аеродромот што сè уште има слободен простор за поздравување, со оглед на општиот пораст на таксите и казните.

Извршниот директор на аеродромот Данедин, Даниел Де Боно, се осврна на темата во интервју за радиото RNZ на Нов Зеланд. Опишувајќи ги аеродромите како „жаришта на емоции“, тој посочи на една студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да се добие излив на „хормонот на љубовта“ окситоцин и тврди дека брзото движење на клиентите им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки.

Паркингот на аеродромот Данедин дозволува 15-минутна посета бесплатно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни