„Гуш и Бац е љубов“ на Школка во градски парк

Она што знаеме со сигурност е дека вие знаете се` за настанот, па останува само тој ден, 11-ти мај да дојдете на Школка и преку сите активности ЗАЕДНО да покажеме дека ние ги прифаќаме, почитуваме, вклучуваме и сакаме нашите другарчиња со атипичен развој, САКАМЕ и ЗНАЕМЕ како да РАСТЕМЕ ЗАЕДНО

Шестиот по ред инклузивен настан „Гуш и Бац е љубов“ ќе се одржи на 11 мај од 11 часот на најубавото, најдругарскотo, најинклузивното место, а тоа е Школка во градски парк. Концептот е ист како и претходните години затоа што програмата што победува не се менува, велат организаторите.

„Многу различни активности, некои веќе добро познати како ракомет, Не лути се човече, сложувалки, кошарка, фудбал и други спортски игри, шминки и фризури, шах, магични залчиња, ликовно и забно катче, рубикови коцки, оваа година збогатени со карате, тенис, полигон а и нешто многу многу интересно – ќе учиме и за пантомимата. Целта, како и секогаш е зголемување на свесноста за разлиностите. Она што знаеме со сигурност е дека вие знаете се` за настанот, па останува само тој ден, 11-ти мај да дојдете на Школка и преку сите активности ЗАЕДНО да покажеме дека ние ги прифаќаме, почитуваме, вклучуваме и сакаме нашите другарчиња со атипичен развој, САКАМЕ и ЗНАЕМЕ како да РАСТЕМЕ ЗАЕДНО.
А тоа е со многу Гуш и Бац затоа што „Гуш и Бац е љубов“, велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни