Гугл повеќе не ја исклучува можноста за користење на вештачка интелигенција (ВИ) за развој на оружје и надзорни системи, соопшти неговата матична компанија Алфабет.
Потпретседателот на Гугл, Џејмс Манџика и директорот на софтверската компанија “DeepMind” Демис Хасабис ја оправдаа оваа одлука, велејќи дека е важно приватните компании да соработуваат со демократски влади за да технологијата на ВИ помага во зачувување на националната безбедност, јавува BBC.
Гугл тврди дека нивните претходни правила од 2018 година се застарени, бидејќи вештачката интелигенција се развила и станала составен дел од секојдневниот живот, како мобилните телефони и интернетот.