Кабинетот на Зурабишвили во средата објави дека претседателка одбила да го потпише законот и го вратила во парламентот, објави Гардијан.
Сепак, се очекува предлог-законот да го потпише претседателот на Собранието.
Тој закон забранува истополови бракови, како и истополови парови да посвојуваат деца и ги ограничува медицинските третмани за промена на полот.
Законот, исто така, забранува паради на гордоста и цензурира прикажување на ЛГБТИ+ лица во филмови и книги.
Активистите за човекови права тврдат дека законот дополнително ќе ја маргинализира и потенцијално ќе поттикне насилство врз ЛГБТИ+ заедницата во Грузија.
Еден ден по усвојувањето на законот во парламентот, познатата трансродова актерка и модел Кесарија Абрамиџе (37) беше пронајдена избодена до смрт во својот стан на 18 септември.