Грузиската претседателка одби да го потпише анти-ЛГБТИ+ законот со кој се маргинализира заедницата

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили одби да го потпише законот за забрана на истополови бракови и ограничување на правата на ЛГБТИ+, заедницата што беше усвоен од грузискиот парламент минатиот месец.

Кабинетот на Зурабишвили во средата објави дека претседателка одбила да го потпише законот и го вратила во парламентот, објави Гардијан.

Сепак, се очекува предлог-законот да го потпише претседателот на Собранието.

Тој закон забранува истополови бракови, како и истополови парови да посвојуваат деца и ги ограничува медицинските третмани за промена на полот.

Законот, исто така, забранува паради на гордоста и цензурира прикажување на ЛГБТИ+ лица во филмови и книги.

Активистите за човекови права тврдат дека законот дополнително ќе ја маргинализира и потенцијално ќе поттикне насилство врз ЛГБТИ+ заедницата во Грузија.

Еден ден по усвојувањето на законот во парламентот, познатата трансродова актерка и модел Кесарија Абрамиџе (37) беше пронајдена избодена до смрт во својот стан на 18 септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни