Грузија по четврти пат победи на детската Евровизија, Македонија на 16 позиција

Андриа Путкарадзе од Грузија  е победникот на 22. детска Евровизија со песната „За мојата мјак“.
Фото: Corinne Cumming / EBU

Ова е четврта победа за Грузија на детскиот Евросонг со што стана најуспешната држава во ова натпреварување.

Андриа е роден во Батуми, градот на Црното море, а со пеење започнал да се занимава од две години. Две години подоцна станал член на хорот „Деца на морето“, пред да учи пијано.

Македонија на детскиот Евросонг во Мадрид ја претставуваа Ана и Алексеј со песната „Маратон“. Тие завршија на 16 место од 17 натпреварувачи со вкупно 54 поени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни