Група од околу 40 деца и млади извршиле серија грабежи и напади во Хелсинки

Финската полиција соопшти дека група од околу 40 деца и млади лица, државјани на Финска со имигрантско потекло, стоеле зад обемна серија грабежи и насилни напади извршени во Хелсинки.

Жртвите, исто така малолетници или млади лица, не биле со имигрантско потекло.

Според полицијата, нападите и кражбите биле извршувани по случаен избор, а жртвите биле на возраст од 14 до 20 години. Дел од инцидентите се случувале и пред трговски центри, каде што жртвата била опкружувана од 15 до 20 осомничени, што практично ѝ оневозможувало каква било одбрана.

Надлежните наведуваат дека нападите биле снимани, а дел од жртвите биле плукани или присилувани да соблечат облека. Во неколку случаи, жртвите биле туркани на земја и тепани со тупаници и клоци, при што некои од нив се здобиле со тешки телесни повреди.

Како што пренесува финскиот јавен сервис Yle, најголем дел од сомнителните кривични дела се случувале на локации каде што младите најчесто се собираат за време на викендите. Досега се истражени најмалку 25 кривични пријави поврзани со овие напади и грабежи.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни