Вчера во селото Мажучиште, Прилепско, загина маж како последица од удар од гром, јави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола.
Случајот, според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, бил пријавен во 17:39 часот преку единствениот телефонски број за итни случаи 112.
Лицето било пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп каде била констатирана неговата смрт.