Grizzly планински еко центар – планинска срцевина на Козјак

Со огромна љубов кон природата и луѓето, со радост ви го претставуваме Grizzly – новиот планински еко центар, уникатна дестинација сместена на еден од највпечатливите видиковци на Козјак!

Онаму каде што до неодамна имаше дива депонија и запуштен каллив паркинг, денес блеска вистински еко-бисер: уредена пешачка зона, зелен парк и простор кој дише со живот, природа и топлина за сите генерации.

Овој иновативен простор е повеќе од туристичка атракција – Grizzly е симбол на еколошка преродба, одржлив туризам и заедничка визија за подобро утре.

Grizzly планинскиот центар е природно продолжение на понудата на Grizzly Igloos – најатрактивната туристичка дестинација во регионот, позната по уникатното сместување и автентичното доживување на планинската магија. Со ова ново проширување, Grizzly создава комплетно искуство – од уникатно искуство, до забава, рекреација и едукација во природа.

Што нуди Grizzly?

  • Отворена сцена за културни и музички настани – најубавта сцена во Македонија и место каде природата и уметноста се спојуваат во едно.
  • Детско игралиште и мини зоолошка градина – идеално катче за најмладите авантуристи.
  • Арена за јавање коњи – доживејте ја планината на еден поинаков начин, во чекор со природата.
  • Спортско игралиште – за спортски дух и активен одмор.
  • Ресторан и бар со планински амбиент – вкусете локални деликатеси во опкружување кое ја храни и душата.
  • Уредени пешачки патеки и партнерски зони со клупи – за тивок одмор, прошетка или инспиративни разговори со поглед кон хоризонтот.

Нов пристап кон планинскиот туризам

Со трансформацијата на затворен луксузен ресторан во отворен, достапен еко центар, Grizzly ја редефинира планинската понуда во Македонија. Овде нема место за елитизам – туку за заедништво, прифаќање и автентично доживување. Целата понуда е со достапни цени, наменета за семејства, авантуристи, туристи, љубители на културата и природата.

Grizzly е повеќе од дестинација – тој е движење кон поубав свет, каде човекот живее во хармонија со природата.

Ве покануваме заедно да го прославиме првиот роденден на Grizzly Igloos и свеченото отворање на Grizzly планинскиот еко центар со голем дводневен настан!

Сабота 24 мај, почеток од 12 часот

  • Детска програма Дарко Ѓурчиновски
  • DJ Чваре
  • Концерт на Next Time

Недела 25 мај, почеток 12 часот

  • Детска програма со Халки, Војо Иванов Еко училница, аниматорот Дарко Ѓурчиновски
  • DJ Гоце
  • Концерт на Тамара Тодевска

Локација: Видиковец Козјак Датум: сабота и недела 24 и 25 мај, со почеток од 12.00 часот напладне Влез: Слободен (потврда дополнително)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни