Грипот зема замав: Над 2.000 случаи пријавени за една недела

До сега има двајца починати од грип, 75-годишна жена од Скопје и 69-годишен маж од Кавадарци. Двете лица имале хронични заболувања и не биле вакцинирани.

Во третата недела од 2026 година (12–18 јануари), Институтот за јавно здравје регистрира 2.062 случаи на грип и заболувања слични на грип. Иако бројот е за 11,2% помал од претходната недела, вирусот продолжува да циркулира со висок интензитет.

Зголемен број во споредба со минатата година

Веќе има 46% повеќе заболени отколку истиот период во 2025 година (1.412 случаи). Во однос на епидемиската крива од последните 15 сезони, бројот на случаи е за 6,9% понизок, но сè уште над границата за средна активност.

Најзасегнати групи се возрасни од 15 до 64 години: 1.274 случаи. Деца 0–4 години: 279 случаи (289,1/100.000 жители). Деца 5–14 години: 243 случаи и лица над 65 години: 266 случаи

Географска распространетост

Најмногу заболени Скопје (556), Тетово (146), Охрид (142), Битола (139), Куманово (137). Висока активност: Дебар, Охрид, Свети Николе, Кавадарци а средна до сезонска активност: поголемиот дел од земјата

До сега има двајца починати од грип, 75-годишна жена од Скопје и 69-годишен маж од Кавадарци.Двете лица имале хронични заболувања и не биле вакцинирани.

Вирусот останува ризик за повозрасните, хронично болните и невакцинираните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни