Грипот зема прва жртва во 2026: Почина 75-годишна пациентка на Инфективна клиника

Во истиот извештај, ИЈЗ наведува дека до 4 јануари не биле регистрирани починати лица асоцирани со грип, што значи дека денешниот случај дополнително ја потврдува ескалацијата на сезоната.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна жена кај која лабораториски била потврдена инфлуенца А, информира директорот на клиниката, д-р Фадил Цана. Станува збор за прва смрт поврзана со грип од почетокот на годинава.

Пациентката имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип.

Од Клиниката соопштуваат дека во моментов се хоспитализирани и други пациенти со тешка клиничка слика, при што доминираат повозрасни лица со компликации, главно со респираторно засегање. Вкупно се лекуваат 25 пациенти.

Случајот доаѓа во период кога Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира нагорен тренд на заболени од грип и заболувања слични на грип. Во првата недела од 2026 година, во периодот од 29 декември 2025 до 4 јануари 2026, биле пријавени 1.725 случаи — 2,2 пати повеќе во однос на претходната недела.

Според ИЈЗ, сезоната на грип влегла во фаза на средна активност на национално ниво. Највисока инциденца е забележана кај децата од 5 до 14 години, додека во вирусолошкиот надзор доминира инфлуенца А, најчесто подтипот A(H3).

Во истиот извештај, ИЈЗ наведува дека до 4 јануари не биле регистрирани починати лица асоцирани со грип, што значи дека денешниот случај дополнително ја потврдува ескалацијата на сезоната.

Здравствените власти повторно апелираат лицата од ризичните групи навреме да се консултираат со матичен лекар, да избегнуваат близок контакт со лица со симптоми и да ја разгледаат вакцинацијата како превентивна мерка, особено кај хронично болните и повозрасните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни