Најпогодена е возрасната група од 15 до 64 години, а најмногу заразени има во Скопје, Битола и Куманово. Во три градови – Дебар, Свети Николе и Кратово – вирусот покажува многу висока активност.
Во однос на возрасната дистрибуција 1465 лица се на возраст од 15 до 64 години, 550 кај деца на возраст од 5 до 14 години, 297 пријавени случаи кај деца на вораст од 0 до 4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години.
Од почетокот на сезоната пријавени се вкупно 19.944 случаи, што претставува зголемување од 49% во однос на лани. За жал, досега се регистрирани и четири смртни случаи, последниот кај жена над 65 години со претходни здравствени состојби.
Лекарите апелираат на зголемени мерки на претпазливост, носење маски во затворени простории и изолација на заболените за да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Препораките од ИЈЗ се истите: да се следат сите оние препораки за превенција од грип и нормално оние кај коишто веќе дијагностициран грипот да остнат дома, во своите домови, да се изолираат колку можат повеќе, да не бидат во кoнтакт со своите блиски, особено доколку во нивните семејства живеат луѓе коиштo имаат мали деца.